УТРО.мк

Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага
Vero

Во автомобил во населбата Ветерник во Приштина е пронајден мртов Хекуран Хоџа, бизнисмен од Ѓаковица и поранешен кандидат за пратеник на листата на Алијансата за иднината на Косово (АИК), политичка партија предводена од Рамуш Харадинај, јавуваат косовските медиуми.

Случајот го потврди портпаролот на косовската полиција за регионот Приштина, Енис Плана, кој информираше дека полицијата и државното обвинителство веднаш започнале истрага за утврдување на околностите под кои настапила смртта.

„Околу 15:00 часот добивме пријава дека во возило во населбата Ветерник има лице без знаци на живот. Медицинската екипа на лице место ја потврди смртта на машко лице. Полицијата, во координација со државниот обвинител, започна истрага и ги презема сите неопходни истражни и криминалистички дејствија за целосно разјаснување на случајот“, изјави Плана.

По веста за смртта, со реакција се огласи и лидерот на АИК, Рамуш Харадинај, кој изрази длабоко жалење за загубата.

„Хекуран Хоџа беше наш долгогодишен колега во Алијансата. Од младоста беше активен во партијата и секогаш се истакнуваше со коректност и почит кон сите. Неговата смрт нè шокираше. Изразувам искрено сочувство до семејството Хоџа, пријателите и сите наши колеги“, напиша Харадинај.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран