УТРО.мк

Николоски во Загреб бара поддршка за надминување на проблемите со превозниците

Николоски во Загреб бара поддршка за надминување на проблемите со превозниците
Vero

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Загреб оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ.

На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете земји, а како клучна тема се отвори проблемот со транспортерите и примената на новиот систем за електронска евиденција во земјите од Шенген зоната. Николоски нагласи дека станува збор за суштински проблем кој го засега целиот транспортен сектор во Западен Балкан, но и компании од Европската Унија кои инвестираат во регионот и се извозно ориентирани кон европските пазари.

Во тој контекст, вицепремиерот побара силна поддршка од Владата на Хрватска за изнаоѓање соодветно решение на ниво на Европската Унија, со цел олеснување на работењето на македонските и регионалните превозници.

Двајцата соговорници разговараа и за унапредување на соработката во транспортниот сектор, со посебен акцент на железничкиот сообраќај. Беа разгледани можностите за набавка на нови возови и локомотиви, како и модернизација на возниот парк за потребите на МЖ Транспорт.

Во фокусот беше ставена и економската и трговската соработка меѓу Македонија и Хрватска, особено во делот на инфраструктурните проекти, при што беше истакната можноста за вклучување на специјализирани хрватски компании во нивната реализација.

На средбата беше потенцирана и важноста на поддршката од Хрватска за македонските евроинтегративни процеси, како и за натамошно интензивирање на економската соработка меѓу двете држави.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран