УТРО.мк

Коњановски: Ален Рустемовски од Битола е спортист на годината во Македонија

Коњановски: Ален Рустемовски од Битола е спортист на годината во Македонија
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“, на која двајца спортисти од Битола добија највисоки национални признанија. На настанот, заедно со секретарот на Општина Битола Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски, Коњановски им честиташе на добитниците за нивниот успех.

Боксерот Ален Рустемовски беше избран за спортист на годината во Македонија, додека Адријан Рустемовски ја доби наградата за млад спортист на Македонија. Со овие признанија, Битола уште еднаш ја потврди својата улога како значаен спортски центар во државата.

Коњановски истакна дека ваквите успеси се резултат на континуираната поддршка за спортот, посочувајќи дека изградбата на боксерската сала е вистинска и долгорочна инвестиција на Општина Битола во младите и во спортската инфраструктура.

Годинава, по 71 пат беа доделени наградите за најдобрите спортисти, тренери и екипи во Македонија за 2025 година, а во рамки на настанот беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран