
Дел од градот Тетово утре (30 јануари) ќе остане без електрична енергија поради планиран прекин во снабдувањето, информираат надлежните служби.
Според најавата, прекинот ќе започне во 09:30 часот и ќе трае до 13:45 часот. Без струја ќе бидат објекти лоцирани во дел од град Тетово, поточно во населбата Дреновец, во близина на Киппер маркет.
Од електродистрибуцијата појаснуваат дека станува збор за планирани активности на електроенергетската мрежа и апелираат до граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски.



























