УТРО.мк

Кузмановски се извини по инцидентот на прославата: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Кузмановски се извини по инцидентот на прославата: Несвесен за зборовите, направив грешка!
Vero

Кузмановски со извинување по инцидентот на прославата: „Грешка во еуфоријата, не беше намерно“

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и лидер на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, се обрати до јавноста поради реакциите што ги предизвикаа неговите зборови за време на прославата со навивачката група „Чкембари“, по освојувањето на шампионската титула.

Кузмановски, кој заедно со соиграчите ја славеше третата последователна титула на македонскиот шампион во СЦ „Јане Сандански“, побара разбирање за, како што вели, несвесна грешка во момент на еуфорија.

Обраќањето на Филип Кузмановски во целост:

„По денешните реакции во јавноста, би сакал да кажам неколку зборови. Во моменти на радост, емоции, еуфорија, прославувајќи заедно со нашите навивачи и пеејќи ги песните, несвесен за зборовите, направив грешка. Грешка која не сакам да се сфати како намерна ниту потценувачка кон некого. Свесен сум за мојата одговорност како капитен на македонската репрезентација на и надвор од теренот. Би сакал да се извинам на целата македонска јавност доколку сум бил погрешно сфатен. Ве молам сфатете дека прослава на титула на теренот на најголемиот ривал е огромна работа и не сакам оваа моја мала невнимателност да донесе негативен контекст на целото славје. Да живее Битола, да живее Македонија.“

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран