УТРО.мк

Капитенот Барди: Само три бода нè интересираат

Капитенот Барди: Само три бода нè интересираат
Vero

Македонската фудбалска репрезентација утре од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека Лихтенштајн во рамките на квалификациите за Светското првенство.

По реми резултатите со Велс и Белгија, националниот тим е решен да ја забележи првата домашна победа во овој циклус. Капитенот Енис Барди ја потенцираше важноста на натпреварот и јасната цел пред играчите.

„Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува, направивме анализа и знаеме што треба да поправиме. Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место. Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, победата е нашата единствена цел“, изјави Барди.

Дуелот Македонија – Лихтенштајн ќе се игра утре со почеток во 18:00 часот, со директен пренос на МРТ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран