УТРО.мк

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нација

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нација
Vero

„Отворањето на новата поставка во Националниот археолошки музеј не е само културен чин, туку и силна порака дека Македонија ја цени својата историја и ја претвора во светло што ја води иднината,” изјави премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста во Скопје.

Тој истакна дека со оваа поставка се става крај на застојот и запоставувањето на културното наследство, додавајќи дека приоритет на Владата е да ја отвори Македонија пред светот и да им овозможи на граѓаните, туристите и младите генерации да ја почувствуваат големината на националната историја.

„Археологијата не е само минато – тоа е живо сведоштво за развојот, креативноста и упорноста на нашите предци. Новата поставка ќе ја прикаже нашата историја на подостапен, интерактивен и инспиративен начин. Тоа е инвестиција во знаење, културна самосвест и национална гордост,“ рече Мицкоски.

Премиерот им се заблагодари на археолозите, историчарите и целиот тим кој ја подготви изложбата, истакнувајќи дека тие се „мостот помеѓу минатото и иднината“.

„Културата е темелот врз кој се гради една нација. Наша должност е да го зајакнеме тој темел и да го направиме достапен за секој граѓанин и секој посетител што ќе ја открие убавината на Македонија,“ нагласи премиерот.

Според него, новата музејска поставка е не само прозорец кон светот, туку и дополнителен поттик за унапредување на туристичката понуда и за потврда на улогата на Македонија како држава со длабоки корени и јасна визија за иднината.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран