Македонската тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ турнирот W50 во Слобозија, Романија, по драматичен пресврт против хрватската тенисерка Луција Ќириќ Багариќ.
Ѓорческа натпреварот го отвори со несигурна игра, правејќи многу грешки, што противничката го искористи и поведе со убедливи 6-1 во првиот сет. Но, тетовчанката потоа целосно го презеде темпото и со агресивна и прецизна игра ја надигра Багариќ.
Во вториот сет Ѓорческа дозволи само еден гем (6-1), а решавачкиот сет го освои со „багел“ – 6-0, за конечни 2-1 во сетови.
Со оваа победа, македонската тенисерка се пласира меѓу најдобрите четири на турнирот. Во полуфиналето таа ќе се сретне со домашната претставничка Попа, трет носител во Слобозија.