УТРО.мк

ФФМ со благодарност до Битола за успешната фудбалска вечер

ФФМ со благодарност до Битола за успешната фудбалска вечер
Vero

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се заблагодари на Битола за одличната организација и атмосфера на синоќешниот натпревар меѓу младите репрезентации на Македонија и Италија.

„Битола, благодарност за прекрасната вечер! Следниот пат да се радуваме и на победа!“, порачаа од Куќата на фудбалот, објавувајќи видео од настанот.

Овој натпревар, кој по долги години донесе репрезентативен фудбал во градот на конзулите, беше оценет како успешен почеток за нови спортски предизвици и домаќинства на високо ниво.

.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран