УТРО.мк

ФК Тетекс се враќа на Градскиот стадион во Тетово – натпревар против Слога оваа недела

ФК Тетекс се враќа на Градскиот стадион во Тетово – натпревар против Слога оваа недела
Vero

ФК Тетекс се враќа дома! Натпреварот против екипата на Слога оваа недела ќе се игра на Градскиот стадион, вистинскиот дом на клубот.

Клубот ги повикува сите љубители на фудбалот од Тетово, млади и стари, да дојдат во што поголем број и заедно да ја вратат магијата на старите добри денови, кога секој натпревар беше празник.

Од клубот најавуваат дека ова е само почеток и дека наскоро ќе следуваат нови победи и убави вести за ФК Тетекс. Официјалната најава за неделниот натпревар ќе биде објавена во текот на деновите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран