УТРО.мк

Битола слави шампиони: Трета титула за Еурофарм Пелистер, прослава на 8 јуни пред Офицерскиот дом

Битола слави шампиони: Трета титула за Еурофарм Пелистер, прослава на 8 јуни пред Офицерскиот дом
Vero

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја освои третата шампионска титула по ред, потврдувајќи ја доминацијата на македонската ракометна сцена и враќајќи ја Битола на пиедесталот на спортската гордост. Вечерва, по победата над Вардар на гостински терен, титулата се враќа дома – во срцето на градот каде што ракометот е начин на живот.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати јавни честитки до играчите, стручниот штаб и управата на клубот, нагласувајќи дека овој успех е резултат на посветеност, страст и љубов кон спортот. Тој ги повика сите граѓани на свечен пречек и голема прослава што ќе се одржи на 8 јуни (сабота) во 20:00 часот, на Платото пред Офицерскиот дом.

„Еурофарм Пелистер е нашата гордост. Оваа титула не е само победа во спортот, туку и победа на битолскиот дух. Го покажавме нашето срце, нашата сила и верба“, изјави Коњановски.

Како дополнителен знак на благодарност, градоначалникот најави дека на следната седница на Советот ќе предложи финансиска награда од 3 милиони денари за клубот, како признание за нивниот успех и за достоинственото претставување на Битола во државата и надвор од неа.

Општина Битола им изразува искрена благодарност на ракометарите и ги повикува сите граѓани, особено навивачката група Чкембари, да се приклучат на славјето и заедно да го прослават историскиот успех.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран