УТРО.мк

Жичницата на Водно ќе биде надвор од функција до крајот на летото

Жичницата на Водно ќе биде надвор од функција до крајот на летото
Vero

Жичницата на Водно нема да биде во функција во текот на летната сезона, откако при вонредна проверка се откриени сериозни технички проблеми кои, според надлежните, можеле да доведат и до опасни ситуации.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека деталниот увид открил долгорочно занемарување на одржувањето на системот. Како што појасни, жичницата не била подложена на целосен сервис од страна на австрискиот производител „Допелмаер“ цели 15 години.

По негово барање, на терен пристигнале стручни лица од компанијата, по што било потврдено дека редовното и клучно сервисирање било практично изоставено со години. Иако претходно биле барани понуди за одржување, тие никогаш не прераснале во конкретен договор.

Според наодите, дел од гумените елементи биле значително истрошени, што предизвикувало триење при движењето на гондолите. Дополнително, констатирано е дека одредени безбедносни сензори не функционирале, што дополнително ја зголемило загриженоста за безбедноста, бидејќи постоела реална можност за откачување на кабина.

Жичницата првично беше затворена на 25 април, со план да биде надвор од употреба само кратко време. Сепак, по подеталната проверка спроведена од австрискиот тим, одлучено е да не се врати во работа додека не се изврши целосен сервис.

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека сè уште се чека официјална понуда од „Допелмаер“ за обемот и цената на поправките, но веќе е извесно дека реконструкцијата и сервисирањето ќе потраат, поради што жичницата нема да биде достапна за посетители во текот на летото.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран