УТРО.мк

Светски познатиот архитект Бајрам Вардар ќе го изработи архитектонскиот Мастер План за развој на Чаир, соопшти Изет Меџити

Светски познатиот архитект Бајрам Вардар ќе го изработи архитектонскиот Мастер План за развој на Чаир, соопшти Изет Меџити
Vero

На неговиот фејсбук профил, Изет Меџити го објави името на познатиот урбанист од Турција, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир.

Во видеото од разговот помеѓу познатиот архитект и Изет Меџити, Бајрам Вардар меѓу другото вели: “Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барцелона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме Мастер План за Чаир, заедно со граѓаните и додатно ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер План.”

Ескпертот Бајрам Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, како и бил главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие две милионски градови.

Бајрам Вардар по потекло е албанец од Скопје.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран