УТРО.мк

Стефковски: Ќе ја исчистиме Гази Баба од напуштени и отпадни возила

Стефковски: Ќе ја исчистиме Гази Баба од напуштени и отпадни возила
Vero

Општина Гази Баба, под водство на градоначалникот Бобан Стефковски, започна акција за отстранување на отпадните возила оставени на јавни површини. Овие возила со месеци, па и со години, ги узурпираат улиците, тротоарите и паркинг-просторите, претставувајќи проблем за сообраќајот, безбедноста и јавната хигиена.

Инспекторатот на Општината ја спроведува акцијата согласно Законот за постапување со дополнителни текови на отпад, кој ги регулира постапките за отстранување на возила што се сметаат за отпад. Сопствениците кои не постапиле согласно законските одредби добиле прекршочни платни налози.

Во првата фаза од акцијата, подигнати се 11 возила во населбата Автокоманда. Акцијата ќе продолжи и во другите населени места низ општината додека не се исчисти секој запуштен автомобил од јавен простор.

„Нема да дозволиме јавниот простор да биде претворен во авто-отпад. Ќе продолжиме со отстранување на овие возила секаде каде што ги има. Нашата цел е чиста и безбедна општина за сите граѓани“, изјави Стефковски.

Од општината апелираат до граѓаните за соработка и информирање на надлежните служби доколку забележат напуштени возила, со цел побрзо и поефикасно спроведување на акцијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран