УТРО.мк

Скопје за 24 часа регистрира 110.000 прекршоци: Пречекорената брзина доминира со над 90%

Скопје за 24 часа регистрира 110.000 прекршоци: Пречекорената брзина доминира со над 90%
Vero

Во првите 24 часа од тест-периодот на системот „Безбеден град“, во Скопје биле регистрирани дури 110.000 сообраќајни прекршоци, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според него, бројките се загрижувачки и укажуваат на сериозни проблеми со културата на возење.

Само за еден ден биле откриени околу 1.000 нерегистрирани возила, а околу 5.000 возачи поминале на црвено светло. „Најстрашно е што над 90% од сите прекршоци се однесуваат на пречекорување на брзината“, истакна Тошковски, додавајќи дека ова е алармантен показател за ризиците во сообраќајот.

Тест-периодот има за цел да ги запознае граѓаните со новиот систем и истовремено да се откријат слабостите во неговото функционирање. Министерот потврди дека се утврдени одредени технички недостатоци кои ќе бидат коригирани.

Системот постепено ќе се имплементира на национално ниво, а од обврските ќе бидат изземени единствено возилата на Брза помош и оние на МВР кога постапуваат службено. Тошковски откри дека најмалку тројца возачи на министри веќе биле санкционирани за пребрзо возење.

Во 2024 година во сообраќајни несреќи загинале 142 лица, потсети министерот, апелирајќи до јавноста да ја има предвид оваа бројка при дебатите за потребата од системот „Безбеден град“. Можно е законот да започне да важи од 1 февруари наместо од 1 јануари, за да се заврши проверката на системот и граѓаните целосно да се информираат за неговото функционирање.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран