Во споменатиот текст е објавена содржина од извесен Зеќирија Ибрахими во кој се критикува Градоначалникот на Град Скопје поради наводно неисполнување на нејзините обврски да го собира отпадот од Општина Чаир, со цел да ги дискредитира нејзинити аргументи за дивоградбите во Општина Чаир.
Најпрво сакаме да истакнеме дека Градоначалникот на Град Скопје нема основна обврска да го собира отпадот од општините, ниту во Општина Чаир, тоа е обврска на ЈП Комунална хигиена-Скопје, и тоа само за комуналниот отпад, додека кабастиот и градежниот отпад е обврска на општините каде истиот се наоѓа. Тоа што Општина Чаир не ги сервисира и извршува нејзините основни обврски и не одржува здрава животна средина за нејзините граѓани не е вина на ЈП Комунална Хигиена-Скопје.
Второ, Градоначалникот на Град Скопје не изнесе сопствени „аргументи“ за дивоградбите воОпштина Чаир, туку непобитни материјални ДОКАЗИ кои упатуваат на основан сомнеж за сторено кривично дело кое треба да биде предмет на истрага во јавното обвинителство, а не пред судот на јавноста. Според аргументите на текстот пренесен од Зеќирија се добива впечаток дека криминалот со фалсификување на исправи и дивоградби е оправдан во услови кога јавните претпријатија не ја вршат нивната основна дејност.
Дали ЈП Комунална хигиена-Скопје треба да престане да го собира комуналниот отпад затоа што Општина Чаир му должи над 7 МИЛИОНИ на јавното претпријатие.