УТРО.мк

Ганиу: Завршено асфалтирањето на „Лек Дугаѓини“ во Серава – инвестиција за подобар квалитет на живот

Ганиу: Завршено асфалтирањето на „Лек Дугаѓини“ во Серава – инвестиција за подобар квалитет на живот
Vero

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денес беше на терен во населбата Серава каде ја надгледа финалната фаза од инфраструктурните зафати на улицата „Лек Дугаѓини“.

Во рамки на овој проект, целосно е асфалтирана површина од 2400 квадратни метри, а паралелно е завршена и изградбата на водоводната и канализационата мрежа, со што е обезбеден целосно функционален систем за локалното население.

„Оваа инвестиција е дел од нашата стратегија за унапредување на животниот стандард во сите делови од општината. Безбедни и модерни улици значат и подобар секојдневен живот за жителите,“ изјави Ганиу.

Проектот е реализиран под покровителство на Општина Чаир и е дел од пошироката програма за урбана модернизација и унапредување на јавната инфраструктура.

Ганиу додаде дека ваквите инфраструктурни проекти се клучни за долгорочен и одржлив развој на урбаните заедници.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран