УТРО.мк

Промена на правилата на скопскиот аеродром за ограничувањето „Hug & Fly“

Промена на правилата на скопскиот аеродром за ограничувањето „Hug & Fly“
Vero

ТАВ Македонија ја повлече мерката со која бесплатниот пристап на едно возило до зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот аеродром Скопје беше ограничен на еден влез во период од 24 часа.

Одлуката следува откако Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата побара дополнителни појаснувања и релевантни податоци од ТАВ Македонија во врска со условите и режимот за користење на зоната.

По доставеното барање, од ТАВ Македонија ја информирале Комисијата дека ограничувањето е повлечено, со што повторно не важи правилото според кое едно возило можеше бесплатно да влезе само еднаш во текот на 24 часа.

Од Комисијата ја поздравија одлуката и најавија дека ќе продолжат да ја следат состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура.

Особено внимание, како што посочуваат, ќе биде посветено на обезбедувањето еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin