Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска, поради изведување технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во неколку скопски населени места ќе останат без електрична енергија.
Според најавата:
Од 09:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улица 20 во село Бразда, Општина Чучер Сандево.
Од 09:00 до 12:00 часот, електрична енергија ќе нема на улица 10 и дел од улица 134 во Сопиште.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе имаат и корисниците на делови од улицата Иван Цанкар во општина Карпош.
Од 11:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улица 101 во село Волково.
Во Кисела Вода, од 12:00 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија е најавен за околината на ресторанот Теферич и дел од улицата Мариовска.
Од компанијата апелираат до граѓаните за разбирање и трпеливост за време на прекинот, со уверување дека активностите се во насока на подобрување на мрежата и сигурноста на снабдувањето.