УТРО.мк

Паркингот на Клинички центар останува нерешлив проблем – најавена анализа за трајно решение

Паркингот на Клинички центар останува нерешлив проблем – најавена анализа за трајно решение
Vero

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека паркингот во рамки на Клиничкиот центар и натаму претставува сериозен предизвик, со кој секојдневно се соочуваат пациентите, нивните роднини и здравствените работници.

Според Алиу, просторот не е системски евидентиран, поради што нема ниту точни податоци за бројот на паркирани возила, што дополнително ја усложнува ситуацијата. Министерството за здравство најави дека првиот чекор ќе биде изработка на детална анализа на состојбата, која ќе послужи како основа за креирање на конкретно и трајно решение.

Паркингот на Клиничкиот центар со години е една од најгорливите урбани теми во Скопје, а неретко предизвикува сообраќаен хаос, доцнење на пациенти на прегледи и тешкотии во пристапот до здравствени установи.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран