Рафел Гроси, главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави дека нема докази за систематски обид на Иран да развие нуклеарно оружје. И покрај тоа што Иран обогатува ураниум до 60 проценти – што е единствен случај во светот и што предизвикува загриженост – Гроси појасни дека тоа не значи дека земјата произведува атомско оружје.
Сепак, тој потврди дека агенцијата е загрижена од можноста Израел да изврши напад врз иранските нуклеарни објекти, што може да предизвика радиолошки инцидент со потенцијално ослободување на нуклеарен материјал во атмосферата.