УТРО.мк

Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА

Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА.

Овој комитет, кој функционира под покровителство на Советот на ФИФА, има клучна улога во развојот и координацијата на фудбалот во рамките на Олимписките игри, како и во соработката со Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

„Горд сум што ќе бидам дел од група на истакнати фудбалски претставници од целиот свет и што ќе имам можност да го претставувам македонскиот фудбал на највисоко меѓународно ниво“, изјави Омерагиќ.

Со ова именување, Македонија добива свое место во едно од најзначајните тела на ФИФА, што претставува признание за напредокот и меѓународната видливост на македонскиот фудбал.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран