УТРО.мк

Набавка на велосипед со финансиска помош од скопска општина

Набавка на велосипед со финансиска помош од скопска општина
Vero

Се отвора нова можност за жителите на општина Илинден да добијат финансиска поддршка за набавка на велосипед. И оваа година, општината ја продолжува традицијата со објавување на Јавен повик во рамки на Програмата за финансиска поддршка на граѓани за 2026 година.

Граѓаните со постојано живеалиште во општината кои ќе купат нов велосипед во периодот од 2 март до 30 април 2026 година, ќе можат да добијат еднократна субвенција. Поддршката ќе изнесува половина од вредноста на возилото, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Барањата ќе се обработуваат според редоследот на пристигнување – „прв дојден, прв услужен“.

Програмата има за цел да ја промовира употребата на велосипеди како чист и одржлив превоз, да ја поттикне сообраќајната култура и да ја заштити животната средина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран