УТРО.мк

Меџити: По повеќе од 50 години започнува најголемата инфраструктурна обнова на Старата скопска чаршија

Меџити: По повеќе од 50 години започнува најголемата инфраструктурна обнова на Старата скопска чаршија
Vero

По повеќе од половина век, денеска започна проект кој, како што беше истакнато, ѝ дава нов правец на развој на Старата скопска чаршија. Станува збор за длабока инфраструктурна интервенција на површина од 1.567 квадратни метри, со која се предвидува целосно модернизирање на подземната и надземната инфраструктура.

Проектот опфаќа решавање на долгогодишните проблеми со водоводната и канализациската мрежа, изградба на нова електрична мрежа, како и поставување на оптичка инфраструктура. Воедно, се предвидува и враќање на автентичниот изглед на чаршијата преку употреба на травертин камен и традиционално улично осветлување.

Вкупната инвестиција изнесува околу 29 милиони денари и вклучува и реконструкција на околните улици, при што целиот простор се третира како функционална урбана целина.

Како што беше истакнато, ова е најголем ваков проект во изминатите децении, кој треба да придонесе за економски развој, зголемена активност и повеќе живот во оваа зона.

„Дикур во овие улички се слушаше звукот на чеканот како ритам на секојдневието. Денес, тој ритам го заменува ехо на развојот, инвестициите и обновата“, беше посочено во изјавата.

Изет Меџити истакна дека Чаир продолжува со динамичен развој преку големи инфраструктурни проекти и директни инвестиции во урбаната инфраструктура.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран