УТРО.мк

Меџити најави враќање на автентичниот изглед на Старата скопска чаршија

Меџити најави враќање на автентичниот изглед на Старата скопска чаршија
Vero

Општина Чаир денеска официјално ќе го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Самарџиска“, како и на уште пет помали улици во Старата скопска чаршија – еден од најзначајните културно-историски локалитети во главниот град.

Настанот е закажан за претпладне, а на него се очекува обраќање на градоначалникот Изет Меџити, кој ќе ги презентира клучните аспекти на проектот и неговото значење за локалната заедница и зачувувањето на културното наследство.

Улицата „Самарџиска“, која некогаш била срцето на занаетчискиот живот во чаршијата, по повеќе од половина век без посериозни интервенции, ќе добие целосна реконструкција на површина од 1.567 квадратни метри. Проектот предвидува враќање на автентичниот изглед преку поставување калдрма од природен камен – травертин, со што ќе се задржи историскиот дух на просторот, но и ќе се обезбеди долготрајна издржливост.

Паралелно со обновата на улиците, ќе се спроведе и модернизација на подземната инфраструктура, што вклучува поставување оптичка мрежа, нов водоводен и канализациски систем, како и обновување на електричната мрежа – зафати кои не биле реализирани со децении.

Во рамки на проектот ќе се постави и ново улично осветлување во традиционален стил, урбана опрема како клупи и корпи за отпадоци, со цел просторот да стане пофункционален, но и поатрактивен за граѓаните и туристите.
Вкупната инвестиција изнесува 28,7 милиони денари, а од Општина Чаир велат дека ова е значаен чекор кон заштита, оживување и современо уредување на Старата чаршија, која претставува еден од највредните симболи на Скопје.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран