УТРО.мк

Отстранети нелегалните тезги на влезот во Старата скопска чаршија

Отстранети нелегалните тезги на влезот во Старата скопска чаршија
Vero

Во текот на ноќта беше спроведена акција за демонтажа и отстранување на нелегално поставените импровизирани тезги на еден од главните влезови во Старата скопска чаршија. Со интервенцијата, просторот што со години беше окупиран од привремени штандови е целосно расчистен.

Станува збор за дел од чаршијата каде подолг период се продаваа сувенири, бижутерија и магнети наменети за туристи, поставени во импровизирани конструкции кои често го стеснуваа преминот и го отежнуваа движењето на пешаците.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран