Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на општина Чаир, изјави дека средбата со децата во населба Топана била едно од најубавите искуства.

„Лагјата беше полна со деца, а нивните гласови и игри создаваа радост и оптимизам. Во нивната невиност и чистота се крие и причината за секој наш труд, секоја жртва и секоја вложена енергија“, рече Меџити.
Тој нагласи дека токму децата се мотивот за градење нови градинки, обновување на постојните училишта и изградба на нови, модерни училишта, меѓу кои и специјалното училиште „Иднина“ за деца со посебни потреби.

„Како родител и како кандидат за градоначалник, децата се најсилната причина за да работиме без престан. Секој чекор и секоја работа во Чаир е ветување што го исполнуваме, а денешните насмевки на децата потврдија дека сме на вистинскиот пат“, изјави Меџити.
Тој додаде дека општина Чаир ќе продолжи со развојот за иднината на децата и за благосостојбата на сите семејства.