УТРО.мк

Италијанските власти разбија сириска криминална мрежа, златни прачки стигнале и во Македонија и Косово

Италијанските власти разбија сириска криминална мрежа, златни прачки стигнале и во Македонија и Косово
Vero

Италијанските обвинители соопштија дека разбија мрежа предводена од сириски државјани осомничени за перење пари од трговија со дрога во Италија и Франција, претворајќи ги заработените средства во златни прачки. Дел од златото било транспортирано и во Северна Македонија и во Косово, објавија албанските медиуми повикувајќи се на РЕЛ.

Во акцијата се уапсени пет лица во северните региони Пиемонт и Ломбардија, а се запленети 17 милиони евра. Истражната операција ја спровел заеднички тим составен од италијанската даночна полиција, француската жандармерија во Марсеј, како и Европравда и Европол, координирани од италијанската национална дирекција против мафијата и обвинителството во Марсеј.

Според обвинителите, во период од над шест месеци, осомничените заработиле повеќе од 17 милиони евра од дрога, претежно во Франција, кои ги превезувале во области во близина на Пиемонт. Таму, во соработка со три топилници за скапоцени метали во Пиемонт и Ломбардија, парите биле претворени во златни прачки со иста парична вредност.

Златото потоа било транспортирано во Косово, Северна Македонија, Турција и Мароко. Обвинителите истакнуваат дека ова е првпат да се реконструира таков проток на пари од дрога претворени во злато, што го олеснува транспортот.

Идентификувана е широка мрежа на сириски државјани вклучени во целиот процес, а француската жандармерија извршила и апсења на други осомничени лица вмешани во собирањето приходи од дрога во Франција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран