Во скопската населба Аеродром ноќеска изгореа два автомобили, едниот целосно, а другиот делумно.
Инцидентот се случил во раните утрински часови. Во 3:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Владимир Комаров“ избувнал пожар на паркирано возило „БМВ“ со швајцарски регистарски ознаки, сопственост на 19-годишен скопјанец.
Од огнот било зафатено и друго возило со скопски регистарски таблички, сопственост на 46-годишен жител на градот.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од противпожарна екипа. МВР информира дека е извршен увид и дека истрагата за причините е во тек.