УТРО.мк

ВИДЕО: Возач удри полицаец на мотор

ВИДЕО: Возач удри полицаец на мотор
Vero

На социјалните мрежи се појави видео од сообраќајна несреќа во Белград во која возач на автомобил удрил полицаец на мотор.

Инцидентот се случил кога автомобил скршнал преку полна линија и директно го зафатил полицаецот кој се движел на мотор. Полицискиот службеник, според снимката, претекнувал без вклучени ротациони светла и возел во спротивна насока, при што се забил во возилото што нагло излегло пред него.

Снимката предизвика поделени реакции кај јавноста. Некои корисници тврдат дека возачот на автомобилот е виновен затоа што неговата маневра довела до сударот, додека други посочуваат дека и полицаецот ги прекршил сообраќајните правила.

„Ова е класичен пример кога и двата учесника во сообраќајот не ги почитуваат прописи,“ коментираат дел од граѓаните, а имаше и саркастични реакции дека станува збор за „природна селекција“.

Белградската полиција засега не излегла со официјални информации околу деталите од несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран