УТРО.мк

Хрватски пејач обвинет за семејно насилство – обвинителството предлага двегодишна затворска казна

Хрватски пејач обвинет за семејно насилство – обвинителството предлага двегодишна затворска казна
Vero

Општинското кривично државно обвинителство во Загреб поднесе обвинение против хрватски пејач за семејно насилство врз неговата сопруга и малолетно дете, кое според обвинението траело речиси две години. Обвинението денеска беше потврдено во Општинскиот кривичен суд во Загреб, пренесува хрватски Индекс.

Пејачот, чиј идентитет се чува поради заштита на малолетното дете, е обвинет дека ја навредувал сопругата со зборови, го понижувал нејзиното семејство и ја злоупотребувал психички и физички пред детето речиси секојдневно од почетокот на 2021 до октомври 2022 година.

Во обвинението се наведуваат повеќе инциденти, меѓу кои и случај од мај 2021 година кога ги поканил сопругата и детето на маса, им ставил нож за да ги заплаши и ја заклучил вратата за да не можат да си заминат. Во друг случај физички ја повредил ставајќи ѝ ги прстите во ушите.

Ситуацијата ескалирала откако сопругата поднела барање за развод и нашла нова партнерка. Тогаш пејачот ја нарекол „курва“ пред детето и ја понижил, а исто така го понижил и детето со непримерни коментари за неговата интимност.

За време на кривичната постапка против него беа изречени мерки на претпазливост – забрана за приближување, отстранување од домот и забрана за контакт со сопругата.

Обвинителството предлага двегодишна затворска казна, од кои една година безусловна, а другата условна со рок од три години. Судот го потврди обвинението, оценувајќи дека има доволно докази за продолжување на постапката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран