УТРО.мк

Меџити: Крај на хаосот во Дрисла – почнува новата еколошка ера на Скопје

Меџити: Крај на хаосот во Дрисла – почнува новата еколошка ера на Скопје
Vero

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека со расчистувањето на депонијата Дрисла се става крај на една од најголемите еколошки рани на главниот град. Тој најави дека по чистењето ќе бидат поставени огради со цел да се спречи незаконски влез и фрлање отпад.

„Нема повеќе нелегален отпад. Нема повеќе влез без дозвола. Нема компромис со загадувањето. Нашиот пристап е јасен – да исчистиме, да заштитиме и да изградиме“, изјави Меџити.

Според него, Дрисла од запуштена депонија се претвора во контролиран проект со европски стандарди, што претставува победа за граѓаните и пример за одговорно управување.

„Ова е победа на граѓаните и доказ дека постои власт што дејствува, а не се оправдува“, порача Меџити.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран