Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерна, иновативна и еколошки одговорна кампања, во која технологијата и одржливоста одат рака под рака.
Укажа дека во неговата кампањата се користат NFC дигитални картички, преку кои граѓаните со едноставно допирање на својот телефон може да ја видат целата програма на неговата веб страна www.orce.mk
Покрај тоа, неговата програмата е достапна и во печатена форма на бездрвна хартија, како симбол на грижата за природата и минималното влијание врз животната средина.
На веб-страницата е активен и виртуелен асистент, преку кој граѓаните можат интерактивно да се информираат за приоритетите, визијата и плановите на Орце Ѓорѓиевски за секоја општина во Градот Скопје.
„Верувам дека Скопје мора да биде предводник на паметни, зелени решенија. Кампањата што ја градиме денес е слика за Скопје што мисли дигитално, а делува еколошко одговорно,“ изјави Ѓорѓиевски.
@orgjorgjievskiВерувам дека Скопје мора да биде предводник на паметни, зелени решенија. Кампањата што ја градиме денес е слика за Скопје што мисли дигитално, а делува одговорно. Во кампањата се користат NFC картички, преку кои граѓаните со едноставно допирање на својот телефон може да ја видат целата програма на www.orce.mk. На веб-страницата е активен и виртуелен асистент, преку кој можете интерактивно да се информирате за приоритетите, визијата и плановите за секоја општина. Покрај тоа, програмата е достапна и во печатена форма на бездрвна хартија, како симбол на грижата за природата и минималното влијание врз животната средина. Промената не се кажува, се покажува, бидејќи зборовите се лесни, но делата тежат повеќе.♬ original sound – Орце Ѓорѓиевски