УТРО.мк

Меџити: Бит Пазар е економски и културен приоритет за Чаир

Меџити: Бит Пазар е економски и културен приоритет за Чаир
Vero

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска го посети Бит Пазар и оствари средба со трговците, истакнувајќи ја нивната важна улога во локалниот економски и културен развој.

„Гласот на трговците е и глас на општината, а јас ќе бидам тука да ги слушнам и поддржам преку конкретни дејства и насочени инвестиции,“ изјави Меџити.

Тој нагласи дека Чаир нема индустриски зони или големи компании, но затоа располага со богата мрежа на мали и средни бизниси, меѓу кои Старата чаршија и Бит Пазарот се главен економски и културен столб.

Како дел од својата програма, Меџити најави институционални политики за поддршка на локалните бизниси, поттикнување на раст, фер конкуренција и одржлив развој.

Освен економската димензија, тој се осврна и на туристичкиот потенцијал на Чаир, кој според него може да понуди уникатен пакет составен од Старата чаршија, Бит Пазарот и Скопското Кале. „Овие атракции ќе ја зголемат видливоста на Чаир и ќе привлечат посетители од земјата и странство,“ рече Меџити.

Тој ја потврди својата посветеност кон реализација на проекти што ќе го развиваат и промовираат овој значаен економски и културен центар.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран