УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје

Ѓорѓиевски: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на која беше потврдено партнерството помеѓу двата града.

Средбата поминала во пријателска атмосфера, при што биле разменети искуства и визии за идна соработка. „Добив драгоцени совети и поддршка од градоначалникот Јанковиќ, со јасна определба Љубљана да биде град-партнер и вистински пример за развојот и модернизацијата на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.

Посебен акцент бил ставен на најголемите предизвици со кои се соочува главниот град – јавниот превоз и чистотата. Јанковиќ ветил дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана поддршка за Скопје, не само во овие области, туку и во други сегменти каде што ќе се побара помош.

Двајцата градоначалници договориле интензивна соработка и зајакнување на капацитетите на Скопје во креирање, планирање и спроведување европски проекти.

„Верувам дека преку ова партнерство ќе изградиме поефикасен и поевропски град Скопје, достоен за своите граѓани“, додаде Ѓорѓиевски, упатувајќи покана до Јанковиќ за официјална посета на македонската престолнина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран