Во срцето на Чаир, пред споменикот на Скендербег, се одржа големиот турнир во Counter Strike 2, настан кој ја докажа силата, страста и креативноста на младите. Чаир, место на историјата и традицијата, денес покажа дека е и еден дијамант на технолошкиот развој.
Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за Општина Чаир, Изет Меџити, ја истакна важноста на овој настан, оценувајќи го како нешто многу повеќе од обична форма на забава.

„Електронските спортови повеќе не се само игра, тие се страст, професија и голема можност за меѓународна афирмација. Овој турнир, организиран на барање на младите, е само првиот чекор кон формирање на првиот клуб за електронски спортови во Чаир, клуб кој ќе стане прибежиште на таленти и референтна точка за сите импресионирани во е-спортовите,“ нагласи Меџити.
Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за Општина Чаир, Изет Меџити, исто така потенцираше дека поддршката од Општината за младите нема да изостане. Голем број таленти од Чаир веќе блеснаа на меѓународни натпревари, а со формирањето на овој клуб тие ќе имаат уште повеќе можности достоинствено да не претставуваат на светската сцена.
„Ние сме со младите и за младите. Чаир е дијамант, а овој дијамант свети со енергијата на нашата младина. Со клубот CS 2.0, Чаир станува епицентар на младинската иновација во електронските спортови,“ изјави Меџити.
Ова е само почеток на едно ново поглавје за младите во Чаир, поглавје во кое историјата се испреплетува со иднината, визијата станува реалност, а Чаир се афирмира како центар на младинскиот развој во регионот.