УТРО.мк

13 ИЗДАНИЕ НА „PELISTER DOWNHILL CUP“

13 ИЗДАНИЕ НА „PELISTER DOWNHILL CUP“
Vero

На 30 и 31 август, на Копанки во Битола, ќе се одржи 13. издание на „Пелистер Даунхил Купот“, во организација на „Екстрим бајк Тим Битола“. Настанот ќе се одвива според правилата на Велосипедската федерација на Македонија и Меѓународниот велосипедски сојуз (UCI).

Учесниците ќе можат да се натпреваруваат во шест категории: Мини Јуниори (12-15 години), Јуниори (16-17 години), Елит (18-29 години), Мастерс (30+ години), Жени и Хоби. Бодирањето ќе се врши според UCI системот, а наградите ќе бидат медали и пехари за првите пет најдобри времиња во секоја категорија.

Цената за пријава изнесува 1.200 денари за лиценцирани натпреварувачи и 2.100 денари за оние без лиценца, а пријавувањето ќе се врши на лице место.

Програмата предвидува тренинзи, квалификации и финална трка, со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии. Должината на патеката е 1.100 метри, со висинска разлика од 250 метри, а на патеката ќе бидат распоредени двајца судии и 20 редари.

Настанот се реализира со поддршка на Општина Битола, а повеќе информации за учество се достапни на линкот на настанот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран