Македонскиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас, наскоро ќе биде промовиран во новиот клуб, откако РБ Лајпциг и Наполи постигнаа договор за едногодишна позајмица со опција за откуп.
Шампионот на Италија ќе плати 1,5 милиони евра за позајмицата, а клаузулата за откуп следното лето изнесува 11,5 милиони евра, иако таа не е задолжителна. Наполи ќе ја покрива целата плата на Елмас, која ја прима од германскиот тим.
Се очекува македонскиот репрезентативец наскоро да пристигне на лекарски прегледи и официјално да го заокружи трансферот.