Епидемијата на HIV меѓу руски војници достигна загрижувачки размери, при што бројот на нови случаи во вооружените сили порасна повеќе од 40 пати во првата година од војната во Украина, објави Закладата „Карнеги“ за меѓународен мир. Ситуацијата официјално ја потврдија и лекари од руското Министерство за одбрана.
Проблемот е резултат на комбинација од воени услови, недостапност на современа антиретровирусна терапија (ART) и слабости во здравствениот систем. Војниците често не можат да продолжат со редовно лекување поради живеење во ровови и нередовна достапност на лекови, што може да предизвика создавање на резистентни мутации на вирусот.
Освен војската, експертите предупредуваат дека епидемијата во Русија сè уште се шири и меѓу цивилното население. Според UNAIDS, Русија е една од петте земји со најголем број нови случаи на HIV во светот, а во некои региони процентот на трудници заразени со вирусот веќе надминува 1%.
Политички и системски фактори, како забраната на супститутивна терапија за корисници на дрога и ограничувањето на сексуалното образование, дополнително го влошуваат проблемот. Експертите предупредуваат дека лицата заразени за време на војната ќе имаат потреба од скапо доživotно лекување, што ќе биде дополнителен товар за руското здравство и економија, со последици кои ќе се чувствуваат децении по крајот на конфликтот.