На 26.10.2025 околу 20 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници Eдиницата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.































