Единицата за Економски криминал при МВР попладнево лиши од слобода две лица поврзани со непостапувањето околу собирањето на ѓубрето во Скопје, а меѓу приведените е и директорот на „Комунална хигиена“, Сабахадин Рустеми. Приведените се очекува да добијат кривична пријава пред Јавното обвинителство.
Рустеми е поставен за директор на „Комунална хигиена“ на 29 јануари 2025 година како дел од коалицијата на градоначалничката Данела Арсовска и ДУИ. Тој е близок соработник на Блерим Беџети и претходно ја водел Јавното комунално претпријатие „Сарај“ (2017–2021), а од 2023 до 2024 бил помошник-директор на ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје.
Јавноста го познава Рустеми како личност која шират национална омраза, а неговото директорување во „Комунална хигиена“ се поврзува со хаосот во градот – наместено оставање ѓубре низ Скопје, што особено се почувствуваше пред и за време на локалните избори, со сериозно загрозување на здравјето на граѓаните.
Медиумите известуваат дека тој редовно си ја примал платата без реално да се справува со проблемот со отпадот. Покрај тоа, неговото раководство е поврзано и со финансиски скандали, со милиони евра кои се испумпувани, додека возниот парк и самото претпријатие остануваат нефункционални.































