Кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на светата архијерејска литургија по повод празникот Света Петка, одржана во црквата „Св. Петка“ во Кисела Вода.

„За многу години нека ни е Света Петка, браќа и сестри во Христа! Таму каде што верата е жива, таму и љубовта меѓу луѓето е посилна,“ порача Ѓорѓиевски, изразувајќи задоволство што празникот го одбележал заедно со голем број верници.

Тој нагласи дека токму црквата е местото каде луѓето наоѓаат мир, сплотеност и разбирање.
„Кога сме поблиску до Бога, кога чекориме во Неговите храмови, има некој посебен мир и неизмерна љубов помеѓу луѓето. Црквата нѐ учи на вера и заедништво,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во своето обраќање, тој повика на сплотеност и заедничка сила за надминување на сите искушенија:
„Да останеме обединети, затоа што кога сме заедно, со чиста мисла и срце, можеме да одиме напред.“
„Нека е за многу години Света Петка. Среќна слава и вечно име на сите кои празнуваат денес,“ порача Ѓорѓиевски.































