Орце Ѓорѓиевски денес го помина целиот ден во општина Гази Баба, каде заедно со градоначалникот Бобан Стефковски го посветија вниманието на младите, кои ги нарече двигател на општеството и најголема надеж за иднината на Македонија.

„Во нивните очи гледаме енергија и храброст, а во нивните идеи – нова перспектива. Нашата обврска е да создадеме услови тие да останат тука, дома – со можности за образование, работа, култура и достоинствен живот,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека како Град Скопје, заедно со Владата, ќе се вложат сите ресурси во развој на младите, со конкретни политики што ќе ги слушаат, вклучуваат и ќе им дадат простор за реализација на идеи.

Ѓорѓиевски порача дека визијата за Гази Баба и за Скопје е јасна – да се изгради општество во кое секој млад човек ќе може не само да сонува, туку и да ги реализира своите соништа.

„Тие не се само иднината – тие се сегашноста. Ќе создадеме систем што ги препознава и поддржува, бидејќи само така можеме да изградиме гордо и силно Скопје,“ додаде Ѓорѓиевски.