Орце Ѓорѓиевски денес беше во посета на Општина Гази Баба, каде заедно со градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со пензионерите и го посети новоотворениот Клуб на пензионери – шести по ред во мандатот на Стефковски.

„Ова се дела што зборуваат. Боби покажува како изгледа вистинска грижа за нашите баби и дедовци, преку отворање клубови, финансиска поддршка за пензионерите со ниски примања, здравствена грижа и организирање настани,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека почитта и вниманието кон постарите генерации мора да останат врвен приоритет за секоја институција и заедница, бидејќи тие се столбот врз кој е изградена современата Македонија.

Во своето обраќање, Ѓорѓиевски додаде дека со заедничка работа и поддршка, Гази Баба ќе продолжи да се развива во секоја сфера, носејќи реални решенија и подобри услови за живот за сите генерации.
„Ќе инвестираме таму каде што никој досега немал ни план, и ќе создаваме иднина тука – дома,“ порача Ѓорѓиевски.