УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Бабин Дол конечно добива функционална фекална мрежа

Ѓорѓиевски: Бабин Дол конечно добива функционална фекална мрежа
Vero

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за поставување на новата фекална канализација во местото Бабин Дол, во населбата Припор. Проектот, долг 1.130 метри, е еден од најзначајните инфраструктурни зафати што жителите го очекуваат со децении.

„Со реализацијата на овој проект, жителите на Бабин Дол конечно ќе добијат функционален фекален систем, а ќе биде исчистена и дивата депонија што го нарушуваше изгледот на овој дел од општината. Сегашниот систем, изграден во 90-тите години, не беше функционален и создаваше сериозни проблеми во секојдневното живеење — нешто што е недозволиво за 21 век,“ изјави Ѓорѓиевски.

Според него, со новата мрежа ќе бидат поставени 46 шахти и ќе се користат современи полипропиленски цевки кои обезбедуваат долготрајност и сигурност на системот. Со проектот ќе се опфатат двете страни на населбата Припор, а ќе се прифатат и отпадните води од Сопиште, што ќе овозможи трајно и системско решение за овој регион.

Средствата за реализација се обезбедени преку Владината програма за капитални проекти на општините, преку која, како што истакна Ѓорѓиевски, се реализираат повеќе од дваесет капитални проекти во Кисела Вода — меѓу кои изградба на Поликлиника, реконструкција на училишта, спортски сали, улици, мостови и нови јавни површини.

„Ова е само дел од визијата за Кисела Вода и Скопје – градови со современа инфраструктура, чиста средина и подобар квалитет на живот за сите генерации. Најдоброто допрва доаѓа,“ порача Ѓорѓиевски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран