УТРО.мк

Голем рок концерт во недела во Паркот на Франкофонијата во Скопје

Голем рок концерт во недела во Паркот на Франкофонијата во Скопје
Vero

На 7 јуни (недела) со почеток во 20:00 часот, на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи музичкиот настан „We Will Rock You”, во организација на музичкото училиште „Ентерпрајз”.

Станува збор за концерт на кој ќе бидат изведени 29 светски рок класики. Секоја композиција ќе ја изведе различен ученички бенд, со цел промоција на млади музички таленти и нивните сценски настапи.

„Сакаме да ја заживееме рок културата во градот, да им дадеме простор на младите музичари да покажат што знаат, да го развиваат својот талент и да градат самодоверба на сцена. Верувам дека настанот ќе има одличен одзив не само кај помладата публика, туку и кај повозрасните генерации, бидејќи станува збор за вистинска рок лектира што сите ја препознаваат”, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Настанот е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, а влезот е бесплатен и отворен за сите посетители.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран