Голем пожар кај Вардариште остави без струја делови од неколку скопски општини, објави МакФакс.
Жителите на социјалните мрежи со остри реакции да се стави крај на таквата состојба.
Според пишувањата на граѓаните веќе два до три часа надлежните не можат да се справат со пожарот, кој како што велат веќе се проширува.
„На 35 степени зачадени ни ја исклучија струјата. Ако отвориш прозор ќе се угушиш од чад“, реагираат засегнатите граѓани.
Во првичната информација за исклучената струја од ЕВН велат дека се работи за дефект.
Извор: МакФакс