УТРО.мк

Бруталната одмазда на Иран: Израел нападнат со повеќе од 150 ракети

Бруталната одмазда на Иран: Израел нападнат со повеќе од 150 ракети
Vero

Израелските воздухопловни сили извршија масовни воздушни напади врз најмалку пет ирански градови, во рамки на операција која, според израелските власти, има за цел да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

Како одговор, Иран во петокот ја започна Операцијата „Вистинско ветување 3“, при што беа истрелани околу 150 ракети кон израелска територија. Една од ракетите паднала во близина на станбени згради во градот Ришон Лезион, јужно од Тел Авив.

Службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA) соопшти дека во нападот загинале две лица, а најмалку 19 се повредени. Претходно беше објавено дека има само една жртва, но бројката е ревидирана.

Постојаниот претставник на Иран во Обединетите нации, Амир Саид Иравани, изјави дека израелските напади врз иранска територија резултирале со најмалку 78 загинати и повеќе од 320 повредени. Според него, меѓу жртвите има цивили, вклучително и жени, деца и високи воени функционери.

Во Израел, армијата активираше тревоги во неколку региони поради нов бран беспилотни летала од Иран. Израелските воздухопловни сили, според официјалното соопштение, продолжуваат со операции за пресретнување и неутрализирање на заканите „насекаде каде што е потребно“.

Меѓувреме, иранските власти потврдија дека во израелските напади е оштетен нуклеарниот објект Натанз. Портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди, соопшти дека дошло до „мало истекување“, но увери дека нема ширење на радиоактивна контаминација во околината.

– Главниот дел од постројката се наоѓа под земја, така што штетата е ограничена и површинска. Нема причина за загриженост – изјави Камалванди за државната новинска агенција ИРНА.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран