УТРО.мк

Прекрасна вест: Пронајден е Владимир Бурев од Штип – жив и здрав

Прекрасна вест: Пронајден е Владимир Бурев од Штип – жив и здрав
Vero

Владимир Бурев од Штип, за кого беше пријавено дека исчезнал пред два дена, е пронајден жив и во добра здравствена состојба.

Веста ја потврди неговата сестра преку објава на социјалните мрежи, во која соопшти дека Владимир е дома и се чувствува добро. Таа не откри дополнителни детали околу неговото исчезнување.

Семејството упати јавна благодарност до сите граѓани кои помогнаа во ширењето на повикот за негово пронаоѓање.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран