Каков е тој порив кој те тера да оштетиш нова детска градинка !? До каде може да оди човечкиот памет !? Две лица се фатени на дело како сакаат со бонсек да исечат нова ограда пред влезот на новата градинка во Бутел 1, објави денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
„Сакам да се заблагодарам на новиот командир на ПС, за брзата и ефикасна реакција. Апелирам, да го чуваме тоа што се гради, општина Бутел се менува, да не уништуваме тоа што треба да го оставиме на нашите деца, истакна Костовски.